Доктор Труди Барбер, сексолог, тврди дека за пет години во продавниците ќе можат да се купат чоколади што ќе им помагаат на мажите и на жените да доживеат оргазам и без секс.Ех, од чоколадо да е, оргазам да е!
Таквите чоколади ќе содржат високо ниво на фенил-етиламин, хемикалија што телото ја ослободува за време на сексот, поради што консумирањето на чоколадото ќе има ефект сличен на оргазам.
Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
25 May 2004
Оргазам преку чоколадца
Дневник вели
21 May 2004
Евровизиска сапуница
Пред некој ден, Он.нет објави една оцрнителна реакција на мојот текст „Лајф из а бич енд ден ју дај“ од некоја си Емилија. Со оглед на тоа што пораката содржеше невистини и клевети, решив да се вклучам во полемикатата. На Он.нет се појави скратена верзија од мојот одговор, а него во целост може да го прочитате тука.

11 May 2004
Како да се користи камера на мобилен
Финти за сликање со мобилен - полезно за сите што имаат такви тракатанци.

10 May 2004
Букаро - нов македонски блог
Преку написот во „Време“ за блогови, дознав дека Букаро, некој дечко што се труди да пишува на сајтот Багра си отворил свој блог. Немам баш време да ја гледам содржината, но само по себе делото е за поздравување - нек се множат. :-)

Subscribe to:
Posts (Atom)