Блог на најразновидни теми, меѓу кои стрип, анимација, тековни настани, историја, палеонтологија и интернет, со препораки или кудења на нешта што може да се прочитаат, изгледаат или ислушаат. Другото сè е сеир.
Блекаут
28 September 2006
Дванаесетти септември - антитерористичка игра
Ја имам споменувано неколку пати досега во разни контексти, ама е толку добро направена што вреди и да се повторам.
Играта е со одлична анимација, направена во шоквејв, па ако го немате инсталирано тој систем ќе треба да одвоите неколку минути за инсталирање на плагинот. Играњето е бесплатно и може да се врши само преку интернет.
25 September 2006
Архитектонско-оптички илузии
24 September 2006
Ставете копче за Технорати МАК Топ
Ако вашиот блог е вклучен во листата, редно е да дадете мал придонес за промоција на сервисот - и преку копче, но и преку пост кој ќе линкува до постовите на таа тема. Од тоа токму вие ќе имате директна полза, оти колку повеќе луѓе го посетуваат, толку повеќе луѓе ќе кликаат на вашиот линк таму.
Дополнување на википедија - враќање на инвестицијата
Бездруго се послужив со англиската како поддршка, па ова е враќање на заедницата. ;-)
Ако ве интересираат темите, дополнете ги.
23 September 2006
Што е мека научна фантастика (soft science fiction)
Кај меката научна фантастика често се обработуваат мотиви кои немаат научна подлога или современата наука ги смета за тешко остварливи, како телепатијата. Покрај тоа, за разлика од тврдата научна фантастика, кај меката предност имаат општествените науки – филозофијата, психологијата, политикологијата, антропологијата и социологијата.
Deus ex machina
Што е тврда научна фантастика? (hard science fiction)
На Википедија добро ја сумираат суштината на оваа гранка:
Писателите на тврда научна фантастика обично се трудат нивните стории да бидат во согласност со познатата наука во времето на објавување, што исто така значи дека за подоцнежната публика нивното знаење ќе биде очевидно некомплетно. Така на пример, некои постари дела опишуваат космонаути кои по Венера шетаат во обични алишта. Дури кога дејството на дела од тврдата научна фантастика е лоцирано во алтернативни универзуми во кои важат други закони на физика, авторите се обидуваат да создадат множество физички закони кое ќе биде интерно конзистентно. Ова е во директна спротивност на поджанрот вселенска опера, каде законите на физиката воспоставени со приказната се применуваат неконзистентно, а наизглед нерешливи ситуации често се решаваат со откровенија на претходно непознати особини на воспоставената технологија во стилот deus ex machina. Озлогласен пример на ваква пракса е Ѕвездени патеки. Непишано правило на тврдата НФ е дека нарушувањата на тековно познатите закони на физиката треба да се држат на минимумот неопходен за одржување на нарацијата, доколку авторот пишува конзистентно за нив.Најпознати автори на тврда научна фантастика се Жил Верн, Херберт Џорџ Велс, Исак Асимов, Артур Кларк, Грег Бер, Дејвид Брин, Мајкл Крајтон, Хери Херисон, Роберт А. Хенлеин, Станислав Лем, Лери Нивен, Ким Стенли Робинсон, Карл Саган, Аркадиј и Борис Стругацки.
Заборавениот Мисирков: Арам македонцки работи
Нема посветол лик во македонската историја од Крсте Петков Мисирков. Тој го ослободи својот народ со јазик и писмо, кога други не можеа со бомби и патрони. Денес, државата изградена на неговите духовни темели, го заборава. Неговата годишнина ја нема во ниту една програма, никој не побарал ништо да се слави, ниедна институција не издвоила ни денар за годишнината од неговата смрт. Неговиот гроб во Софија е обраснат во пиреј и троскот, а нашите амбасадори не можат да го најдат.За жал, написите од тој број сеуште не се поставени на веб.
Арам да им е на тие што цел што цел живот го јадат лебот по разни институции и академии, катедри, посветени на македонскиот јазик, култура, книжевност, историја... За да го имаат тие тој леб, за и тие да имаат свој јазик, нација и држава, Мисирков пред 80 години мораше да умре, буквално од глад.
22 September 2006
Самоубиствени реклами
Такви се „Скокај Ламбе!“ по „Пепси“, до низа музички спотови (= реклами за синглови) како оној на Еванесенс (Bring me to life), или оној на Боби Мек Ферин (Don't Worry, Be Happy).
Дали маркетиншките психолози манипулираат со стравот од смртта како и обично, или се обраќаат до депресивната публика која веќе размислува „да си ги прекрати маките“ и затоа може да ја привлекуваат содржини кои кокетираат со таа тема?
Во Проблемот на самоубиство презентирав научни сознанија дека медиумите можат и влијаат на зголемување на бројот на самоубиства под одредени услови.
Инаку, Боби Мек Ферин не се самоубил по издавањето на неговата песна во 1988 година, тоа беше само злобна финта која се ширеше низ бивша СФРЈ. Го видов со свои очи и чув со свои уши пред околу 6 години на концерт во Канзас Сити - музичар за почит. Од друга страна, мислам дека за почит е и критиката на безразумниот оптимизам која Рамбо Амадеус ја даде со песната „Донт хепи би вори“.
Дополнение: Советот за радиодифузија делумно го цензурирал спотот. Информацијата ми ја пренесе Арвена, која претходно пишувала на темава.
Небото над Берлин
Фотографијата нема врска со истоимениот филм на Вим Вендерс (Der Himmel über Berlin) од 1987 година, туку со претходните постови за покривите и берлинката од 2006 година.
Бил Гејтс за критичната маса
Иронично, кога една технологија достигнува критична маса нејзините слабости и ограничувања стануваат јаки страни оти бројни компании, обидувајќи се да заграбат парцели како при златна треска, нудат решенија за недостатоците. Оригиналниот ПЦ на ИБМ е добар пример за овој феномен. ПЦто имаше однапред зададени ограничувања кои лесно се идентификуваа. Инжинерите од многу компании ќе го погледнеа и ќе речеа „Ау, машинава има прoблеми!“. Кога навалија да заработат пари со исправање на несовршеностите, започнаа спирален циклус на инвестиции кој петнаесет години ја движи еволуцијата на архитектурата на персоналните компјутери. Интернетот сега е во слична позиција. Многу од неговите парчиња недостасуваат или не работат како што треба, но бидејќи е предодреден да еволуира во глобалниот информациски автопат за кој сите зборуваме, интернет нуди прекрасна можност за компаниите да понудат начини да се подобри.Книгата е објавена 1996 година.
21 September 2006
Перформанс: Уметноста на секојдневието
Перформансот е завршен дел од едногодишниот проект „Секојдневна уметност, уметноста на секојдневието“ во кој авторката секој ден дисциплинирано, напати дури и опсесивно, запишува што се случило тој ден и кои се нејзните размислувања околу тоа.Перформансот ќе се одвива континуирано меѓу 20 и 22 часот.
...
Преку овој проект авторката исто така ја истражува поврзаноста помеѓу животот и уметноста и поставува две клучни прашања: Дали секојдневието е континуиран уметнички перформанс? и Дали уметноста може да биде една рутинска и дисциплинирана секојдневна активност?
Придонесете за блогот „Македонски народни песни“
Нормално, објавувам и отворен јавен повик до секој добар човек кој има текст или mp3 од стара македонска народна песна, да ми ги прати на оваа адреса: the.goodbytes@gmail.com. Ќе ги публикувам на блогот со песни, нема да му платам ништо, па уште и ќе му кажам дека сторил добра работа што нанижал уште еден бисер во ѓерданот кој ќе го краси македонскиот Интернет простор. ;-)На времето на Агора прекуцавме или оцериравме неколку народни приказни забележани од Марко Цепенков и многу убаво се чуствувавме поради тоа.
Мислам дека би било најдобро тие што знаат да пеат да се снимат и да му пратат сопствени интерпретации на народните песни на Гуд бајтс. Оти, ако тие песни не се пејат во друштва, меѓу народот, туку се важат само „професионалните“ интерпретации... веќе не се народни?
Крадење бесплатни весници, на пример „Шпиц“
Мотиви кои според законот може да водат до кривична пријава се крадење на весниците за да се рециклира хартијата во замена за пари или да со цел да се спречат другите да ги читаат.Вторник (19.09.2006) приквечер, самрак, улица Македонија. Штом донесоа „Шпиц“, еден старец зема барем дваесетина парчиња од купчето кај колпортерите. Продавачот го опомена да не зема толку, а овој одговори „И за други ми се“ - и на тоа се заврши. Колпортерот викаше малку, обраќајќи се на другите присутни дека еве, не е во ред, но џабе. Потоа старецот од другиот продавач купи „Теа“ и си замина со свитканите „Шпицови“ под рака кон плоштад.
18 September 2006
Како да симнувате видео-клипови од Ју тјуб
- користете Фајерфокс (Firefox)
- инсталирајте му ја додавката за симнување видеа (VideoDownloader)
- на статус барот во разгледувачот ќе ви биде додадено едно копче
- на страницата со видеото, кликнете на копчето и ќе ви даде опција да го симнете клипот во ФЛВ-формат
- за гледање на ваквите датотеки потребен е ФЛВ Плеер (FLV Player)
17 September 2006
Товарот на белиот човек (White Man's Burden)
Името на филмот доаѓа од песна на Ридјад Киплинг (White Man's Burden), која мене ми звучи доста саркастично и иронично, но глупаците се имуни на иронија - па фразата воглавно ја користеле како расистичко оправдание за злодела. Демек, белците (англосите) се одговорни да ги шират придобивките на цивилизацијата кај „дивите“ и „нижи“ раси. Песната доживеа повторна популарност пред некоја година, при протестните активности против војната за Ирак.
Филмот е направен непретенциозно, со техника на снимање која
Најзначајните спотови од МТВ, според ЦКМ
Стрип за „Скршени цвеќиња“
Бонус: фото од Шерон Стоун од филмот од некој шведски сајт.
16 September 2006
Скршени цвеќиња (Broken Flowers) и Габриела (Gabrielle)
„Скршени цвеќиња“ (Broken Flowers) многу ми се допадна, а коинцидентно имаше интересна публика.
Макондо има најдено супер илустрација на нејзиното мислење, а мене инаку најголем впечаток ми остави токму таа сцена, кога ликот што го толкува Шерон Стоун мафта од вратата, а ќерката се појавува на прозорецот. Шерон Стоун е одлична!
А и „Габриела“ (Gabrielle) не беше лош, особено она „стриповското“ уфрлање на текст наместо изговорени реченици што ептен ја разбиваше досадата и поттикнуваше вовлекување во дејствието (оти гледачот ги „слуша“ изговорени со својот сопствен глас, во својата глава).
15 September 2006
Моќта на интернет-петициите: денс-ѕвездата Гала
Според Википедија (Gala Rizzatto), петицијата повлијаела Гала, чиј најголем хит (Freed from desire, видео) беше од 1996 година, да издаде нов сингл (Faraway, исто) пролетоска.
Дигресија: „Фрид фром дизајер“ е одлична за песна што не излегува од глава (song in your head)...
My love has got no money He's got his strong beliefs
My love has got no power He's got his strong beliefs...
14 September 2006
И уште малку за „Соушал митер“
Го „пуштив“ да ми пресмета број на поени за моите лични веб-сајтови што сеуште се достапни
Евидентно е дека блоговите, дури и оние неактивираните подолго време, „генерираат“ голем број линкови кон нив.
ЦД „Заврши си работа!“ за одбележување на Денот на слободниот софтвер
ЦДто содржи слободен софтвер на македонски и англиски јазик наменет за:...
- канцелариско работење: обработка на текст, табеларни пресметки, презентации, бази на податоци – ОпенОфис.орг, со упатство за употреба на македонски јазик
- користење на интернет: сурфање и е-пошта – Фајерфокс, Тандербрд
- обработка на слики, фотографии и документи во разни формати – Гимп, ПДФ креатор...
- како и 11 игри.
Од 16 септември 2006 година, ЦДто ќе биде достапно преку дистрибутивната мрежа на дневниот весник „Време“ по симболична цена од 50 денари.
You know what to do! ;-)
Споменици на Александар во Прилеп и Солун
Историски гледано, иако најпозната сила на античката македонска армија била фалангата (пешаци со долги копја кои одат во формација), Александар „служел“ во коњаница, која била исто така важен род, оти овозможувала брзи и ненадејни удари, особено кон раководството на противниците.
12 September 2006
Мерење на општествената поврзаност
Уфрлате сајт и ви кажува колку линкови водат кон него од неколку главни фраерски сервиси. Одлично за споредби.
Го препорачувам сесрдно!
11 September 2006
Каде бевте на 11 септември 2001 година? (9/11)
- Датумот веројатно ќе се смета за историски, па интересно би било и Вие да кажете (преку пост или коментар) како го имате поминато.
Сајтот на CNN беше блокиран, не можеше да се добијат нови вести. Вечерта бев дома, се обидував сурфајќи да примам и обработам што повеќе информации...
Инаку, таа зима се вратив од студии во САД и сеуште бев прилично во тек со ситуацијата таму, постојано следев и нивни вести, комуницирав со познаници и слично, па чуствував емпатија за тамошниот народ. Особено што тоа беше периодот на воената криза кај нас, кој ни донесе многу маки и страдања, па можевме да се поистоветиме со жртвите на овој терористички чин.
Многу брзо почнаа да излегуваат лични сведочења, особено на блоговите што ги следев - како оној на Том Тумороу, од кои не се добиваше јасна слика за што всушност се случило, но се градеше мозаик на чувства и емоции, како и лични приказни поврзани со „најн илевен“.
08 September 2006
Неконзистентна публика: два примери
ВББ се жали дека публиката на концертот на Пет Шоп Бојс не одговарала на сензибилитетот на бендот, а еве уште еден пример.
Завчера пред натпреварот Македонија-Англија, група навивачи се загреваа во кафеаните кај Идадија со песната „Абре Македонче“, ама наместо „клетите фашисти“ извикуваа „клетите Шиптари“. Барајќи веб-издание на оригиналот, се изненадив дека такви националистички верзии стојат на официјални навивачки сајтови, како оној на Кометал.
Нешто потоа, во текот на натпреварот, бев на кеј. Таму настапи општо воодушевување кога очигледно неклетиот Албанец Артим Шакири влезе во игра, со аплаузи и извици. Не знам дали меѓу нив беа гореспоменатите и како точно се однесувале, но еве, генерализирам!
Конфликтот на филмски фестивали во Скопје
Првиот има сајт кој ги нема поправено мааните со употребливоста за кои на времето пишував во „веб-сајт на денот“ (а за да видиш кога кој филм игра, те тераат да симнеш ПДФ-документ), а вториот нема никакво активно присуство на веб.
Ја објавувам фотографијава на дел од нивниот плакат како доброволен прилог за сите оние кои ги интересира преостанатата програма, без барање да ме наведат како медиумски спонзор.
Честит празник + роденден на Стар трек
Инаку, местото кај што се одржува главната прослава, Музејот на СФ во Сиетл (Science Fiction Museum and Hall of Fame), е супер институција и локација. Алал да им е на изборот.
Химна на компјутерџиите од бивша Југославија
Сметам дека за тоа голема заслуга има една девојка: Марина Перазиќ од бившата група „Денис и Денис“. Песната „Програм твог компјутера“ (mp3) во старт, уште од 1984 година на компјутерџиите им даде одличен шмек, полезен во понатамошните контакти со жените.
Марина, фала ти!
Претседателот на РМ - спонзор на Кока-кола?!
Се работи за комерцијален настан, кој освен рекламна има и функција на прибирање директен профит. Според Вест (8.9.2006.):
На вчерашниот прес организаторите освен слободен влез и излез откако еднаш ќе се влезе, најавија безбедност на високо ниво, евтини пијачки и простор со храна. Влезниците за настанот се 900 [денари], а на врата ќе бидат 1000 д[енари].Во најновата Теа (6.9.2006, без веб) Иван Беќковиќ има интервју со организаторот на фестивалот, Владимир Крстевски - Франц, во кое се истакнува дека настанот е „во чест на Денот на независноста на Македонија, а под покровителство на претседателот Бранко Црвенковски“. Карактеристичен е поприлично долгометражниот и максимално безсодржински одговор на многу конкретно прашање:
Теа: „Годинава фестивалот го помагаат многу спонзори, па дури и претседателот Црвенковски. Во што, всушност, ќе помага претседателот?“Значи, млади луѓе, не корпорации. Млади луѓе! You know what to do - ако организирате нешто од областа на културата и музиката.
Крстевски: На огромно задоволство на организацискиот тим на фестивалот беше дочекана одлуката од страна на претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски, да го поддржи овој музички настан. Посебно важно е дека највисоките државни институции се отворени за соработка со млади луѓе и решаваат да поддржуваат културни и музички настани. Верувам дека ова претставува голем чекор напред за самиот фестивал! (мој болд/италик)
Друг пример за јавно-приватно партнерство е Стратешкиот договор меѓу Мајкрософт и Владата на РМ (2003).
07 September 2006
Германски вицови од времето на нацизмот
На истата страница, неколку написи подолу, се поместени и неколку вицови од самата книга. Тој со свињата го имам чуено пред неколку години, со Милошевиќ во главната улога.
Една берлинка (ein Berlinerin)
Референца од поп-културата, познатиот говор на Џон Кенеди ("Ich bin ein Berliner").
05 September 2006
Видео: Филмчиња направени од автопортрети
Пред некоја недела една девојка издаде слично трогодишно дело (Me: Girl takes pic of herself every day for three years), кое предизвика многу смешна реакција на 24-годишна база (Guy takes pic of himself every 12 years for 24 years).
Преспанска Венеција? Не, ние не сме центар на светот!
Бомбастичниот наслов затскрива интересен напис за старовремски чамци во Наколец, Република Македонија. Наколец, старовремска Венеција... како не бе, важи! Значи, Долно Дупени мора да било Париз на стариот Балкан! А тек Подмочани!...оригинално објавен во Време, кој на веб-сајтот на Обединетата македонска дијаспора е преведен како „Заборавената македонска Венеција открива предисториски артефакти“ (Forgotten Macedonian Venice Reveals Pre-Historic Artifacts).
Инаку, за оние што не знаат, карактеристиките што ја направиле Венеција - Венеција не било само тоа што биле на вода, туку и стратешката положба, претприемачкиот дух, трговијата и способноста за воени потфати.
А наколни живеалишта имало и во Охрид. Фоткава е снимена кај Градиште - „Миќов град“, каде во водата има и одбележени остатоци од колци, а и скршена грнчарија...
Покривите над Берлин
Препорачувам слични да се инсталираат и во Македонија. Во Скопје, сведок сум на неколку случаи кога огромни парчиња набиен снег паѓале баш таму кај што минуваат луѓе, притиснати до ѕидовите од автомобилите паркирани на тротоарите.
Визно гето за Македонија: спасот да ни падне од небо
Вкупно 148 земји во светот бараат визи за македонските граѓани. 117 од нив немаат амбасади во Скопје, па македонските државјани за добивање виза мораат да патуваат во Белград, Рим, Виена, Париз, Осло, Букурешт, Прага и други градови, за каде исто така им се потребни визи.
Странските дипломати оценуваат дека Македонија поагресивно треба да инсистира на укинувањето на визите, а не само да чека некој тоа да и го понуди.
Видео: Ване Таковски од „Беласица“ за СИДАта
На блогов, овој лик се појави во постот Расисти, јуриш! (Во Македонија инаку нема СИДА), каде што ја цитирав неговата изјава дека немало веќе да ангажира црномурни фудбалери, која ја оценив како расистичка.
Случајот со Адамс го споменав и во Писма од читатели: Х.Е.Р.А. реагира на веста за нашиот фудбалер со нигериско потекло.